Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека кај сите има „емоционално преоптоварување“, по повод објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“, дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно полуден“.
Претседателот на САД Доналд Трамп го оквалификува својот руски колега Владимир Путин како „апсолутно ЛУД“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е задоволен од рускиот претседател Владимир Путин.
Кремљ тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува знаци на „емоционално преоптоварување“ откако претходно Трамп во објава го нарече Владимир Путин „апсолутно луд“ по најголемиот воздушен напад на Москва врз Украина од почетокот на војната, пишува Би-Би-Си. Американскиот претседател во неделата, 25 мај, изјави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека „нешто му се случило“ на Путин, откако Русија уби 13 лица во Украина со 367 дронови и ракети.