Судот заклучи дека извршните наредби на Трамп се „незаконски“ и дека „наредбите за глобални и одмазднички тарифи ги надминуваат овластувањата што му се доделени на претседателот со закон“.Според Уставот на САД, Конгресот има овластување да утврдува царински политики, но Трамп се обиде да го искористи Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации, наведувајќи „невообичаена и вонредна закана“ за американската економија и безбедност, објаснија судиите, а Фајненшл тајмс го сумираше мислењето на судиите.„Судот не може, од политички причини, да му дозволи на претседателот да прави нешто што законот не му дозволува“, рече судијата за време на сослушувањето.