Продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина.
Украинските преговарачи денеска во Истанбул ќе ѝ презентираат на руската страна предложен план за постигнување траен мировен договор, јавува Ројтерс, во рамките на на втора рунда преговори за прекин на огнот.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера изјави дека ниту Киев ниту Анкара, како посредник во преговорите, не добиле никакви документи од Москва за подготовка за следната рунда преговори, најавена за в понеделник. Tocka
Украина инсистира Русија да го предаде својот нацрт-меморандум пред состанокот следната недела, поради загриженоста дека содржи услови неприфатливи за Киев, што Москва одби да го стори.
Русија објави дека во Истанбул ќе биде претставена од истата делегација како и во првата рунда преговори, предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински. Makfax
Првата средба на претставници на Москва и Киев во последните три години се одржа на 16 мај во Истанбул.
Страните се согласија да спроведат голема размена на затвореници – 1.000 за 1.000, што оттогаш е спроведено, како и да презентираат визија за можноста за идно примирје. Republika
Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина е планирана за понеделник, 2 јуни, во Истанбул.
Москва објави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на решението за причините за конфликтот. Makfax
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во главниот град Анкара или во Истанбул, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Facebook / Володимир Зеленський Литванскиот главен град денеска е домаќин на самит на Букурешката деветка (Б9) и нордиските земји, на кој учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, јави Литванската национална телевизија (LRT). На состанокот ќе се разговара за зголемување на воените буџети и координација пред претстојниот НАТО-самит во Хаг.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во главниот град на Литванија, Вилнус, изјави дека постои „вистинска можност да се стави крај на војната“, оценувајќи го моментот како „посебен“.
И предлагаме на руската страна следниот состанок да се одржи помеѓу 20 и 30 јуни, посочи Умеров.
Министерот за одбрана на Украина, и главен преговарач Рустем Умеров изјави дека на втората рунда директни преговори со Русија, Киев го примил рускиот меморандум и оти Украина следната недела ќе одлучи за идните чекори.
Турската делегација, домаќин на преговорите, прва пристигна на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул.
Од: А1он Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за централизирање на власта и уништување на демократските институции под маската на воена состојба.
Ескалира политичкиот конфликт меѓу градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.