Според него, целта на сите овие планови и инвестиции не се само да се троши повеќе, туку да се зајакне Алијансата за да биде способна да се брани не само сега, туку и во наредните години.
Тој потсети дека во рамки на денешниот состанок во форма на работен ручек ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Kurir
Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг што треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одвраќањето и одбраната на НАТО.
Како што најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната прес-конференција во пресрет на министерскиот состанок, на него ќе биде направен огромен скок напред во зајакнувањето на капацитетите за одвраќање и одбрана на Алијансата со усогласување на нови амбициозни цели. Kanal5
Руте, исто така, потврди дека Украина е поканета на самитот на НАТО во Хаг , Холандија, подоцна овој месец.
„Украина е поканета на Самитот на Алијансата што ќе се одржи во Хаг за неколку недели“, изјави Руте пред состанокот на министрите за одбрана во Брисел и додаде дека деталната програма наскоро ќе биде објавена. Meta
Самитот на НАТО во Хаг, поддршката за Украина и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната ќе бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој ќе учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски.
Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг што треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одвраќањето и одбраната на НАТО. Press24
Овие цели ги утврдуваат силите и конкретните капацитети што сојузниците треба да ги обезбедат за да го зајакнат нашето одвраќање и одбрана, рече Руте.
За остварување на овие цели, за соочување со секоја закана и за целосно спроведување на плановите за колективна одбрана, според Руте, на Алијансата и се потребни повеќе ресурси, сили и капацитети за што се потребни значително повисоки одвојување за одбраната. Alfa
Посветеноста на НАТО кон неповратниот пат на Украина кон членство останува, но земјата никогаш не добила формално ветување за влез во Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Брисел. Civilmedia
Затоа мора да го направиме НАТО посилна, пофер и повоинствена Алијанса, изјави Руте.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во пресрет на состанокот извори од Мисијата на САД при НАТО брифираа дека кога станува збор за одбранбените трошоци издвојувањата на ниво од пет отсто од БДП нема да биде само ветување на земјите членки, туку и нивна обврска. Kanal5
Тоа не е временски рок што го поставуваат САД, туку нашите противници и нивната способност да водат војна против Алијансата, нагласија дипломатските извори.
Инаку, во рамки на состанокот ќе се одржи и неформално заседание на Советот НАТО-Украина во форма на работен ручек, на кое ќе се разговара за континуирана поддршка на Алијансата за Киев, како и за итната потреба за постигнување мир. Kanal5
Според Руте, напорите на НАТО не се насочени кон продолжување на конфликтот во Украина, туку кон тоа таа сама да може да се брани.
Ние целосно ги поддржуваме напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување на долгорочен и праведен мир. 365
Руте додаде и дека НАТО целосно ги поддржува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за запре на крвопролевањето во Украина и постигнување праведен и траен мир.
На крајот на министерската средба е предвиден состанок на Групата за нуклеарно планирање на НАТО. Kanal5
Денешниот ден е клучен бидејќи ќе решаваме за целите за зајакнување на капацитетите и за тоа како ќе се трошат парите за потребите на одбраната, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата. Plusinfo