Францускиот производител на автомобили „Рено“ ќе биде присутен во Украина за да произведува дронови и за украинската и за француската армија, објави денеска „Франс Инфо“.
Францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорну, во петокот објави „партнерство во кое голема француска автомобилска компанија ќе ги здружи силите со француски мали и средни претпријатија од областа на одбраната за опремување на производствени линии во Украина за производство на дронови“. Republika