РУТЕ ГО НАРЕЧЕ ИЗВОНРЕДЕН НАПАДОТ НА САД ВРЗ ИРАН Генсекот на НАТО држи до пофалбите на Трамп Четиринаесет огромни бомби фрлени врз нуклеарен објект во Иран, верувам дека тоа беше клучно за да се направи сè што е можно за да се уништи нуклеарниот капацитет на Иран, до којшто, според НАТО, таа земја никогаш не требаше да има пристап, им рече првиот човек на НАТО на новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежa „Вистина“ објави скришот од пораката што ја доби од шефот на НАТО, Марк Руте.
Фото: ЕПА/Марк Руте Европа и Северна Америка само заедно можат да се справат со современите предизвици и затоа треба да инвестираат во одбраната повеќе, подобро, заедно и сега, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во обраќањето на Пленарната сесија на Форумот за одбранбена индустрија, што се одржа на маргините на Самитот на Алијансата во Хаг.
На прес конференција пред почетокот на НАТО Самитот во Хаг, генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, оцени дека НАТО се соочува со еден од најпредизвикувачките безбедносни моменти досега, а прашањето дали нестабилноста може да се прелее и на Западен Балкан го нарече „многу добро прашање“.