Член на американскиот Конгрес го номинираше претседателот Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, откако тој посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, објави Фокс њуз .Претставникот Бади Картер од Џорџија му пиша на Нобеловиот комитет дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и во спречувањето на најголемиот спонзор на тероризам во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.Трамп доцна вчера прогласи крај на „12-дневната војна“, а прекинот на огнот стапи на сила утрово.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
Printscreen / truthsocial.com/@realDonaldTrump Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано утринава изјави дека нема „договор“ за прекин на огнот меѓу Израел и Иран, но дека неговата земја нема да продолжи со нападите доколку Израел „ја запре својата агресија“.