За време на разговорот, Трамп повторно го отворил прашањето за брзо завршување на војната во Украина, но Путин јасно ставил до знаење дека Русија нема да отстапи од своите цели, вклучително и, како што рекол, отстранување на причините што довеле до конфликтот.„Нашиот претседател нагласи дека Русија ќе ги постигне целите што си ги поставила, а тоа е да ги елиминира познатите причини што доведоа до сегашната конфронтација“, рече Ушаков.
Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп заврши, соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, пренесе ТАСС.