Хезболах објави имиња на 14 нејзини припадници убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз либанскиот главен град Бејрут, заедно со главниот командат Ибрахим Акил, пренесува Си-ен-ен. Во нападот е убиен уште еден висок оперативец на Хезболах, Ахмед Вахаби, кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во воната во Газа од почетокот на годината. 360stepeni
Хезболах ги објави имињата на 14 нејзини членови кои беа убиени во нападот.
Израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил и другите шефови на специјалните сили на движењето – „Ар Радван“ во напад во јужниот дел на Бејрут. Fokus
Сите мора да покажат максимална воздржаност, изјави Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Во нападот, кој ИДФ го опиша како „насочен“, загина Ибрахим Акил, шеф на елитните сили на Хезболах – Радван и најмалку 10 други команданти на Хезболах во предградието Дахије во Бејрут, кое се смета за упориште на Хезболах. Civilmedia
Тие се состанаа за да ги координираат терористичките активности против израелските цивили“, рече портпаролот Хагари на прес-конференција.
Хагари вели дека најмалку 10 команданти на Хезболах биле убиени во воздушниот напад во Бејрут, заедно со Акил. Netpress