Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот. Biznisvesti
Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците.
Истиот ден, еврокомесарката Киријакидес ќе учествува на состанокот на високо ниво за антимикробната резистентност, Симсон ќе присуствува на промоцијата на Програмата за транзиција на трговијата и чистата енергија, додека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс ќе присуствува на состанок посветен на запирање на дестабилизирачкиот проток на чувствителна технологија, организиран од Украина. Novamakedonija
Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели.
Мишел, Фон дер Лајен и Борел во вторник ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на генералната дебата на 79-то Генерално собрание на ОН. Во продолжение, Фон дер Лајен заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо ќе копретседаваат со настанот на високо ниво „Иновирање за одржливата иднина: Работиме заедно на индустриски раст и декарбонизација“, а ќе има и воведно обраќање на Глобалниот самит за обновливи извори на енергија, на кој ќе учествува и еврокомесарката Симсон. Civilmedia
Оваа година означува клучна пресвртница за ОН. Како што рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во април, „не можеме да ги решиме проблемите од 21-от век со алатки од 20-от век“.
Настанот насловен „Самитот на иднината“, кој се подготвува веќе четири години, претставува клучна можност за колективно размислување за тоа како ОН да бидат прилагодени на целта и на иднината, соопшти ЕК. Активностите на претставниците на ЕУ во Њујорк, започнаа уште синоќа со учеството на потпретседателката на ЕК за демократија и демографија на Дубравка Шуица на Деновите за акција на Самитот на иднината за зајакнување на младите и градење отпорност, одржлив развој, меѓугенерациска правичност и демографија и за зајакнување на напорите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, настан кој продолжува и денеска. Civilmedia
Извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер денеска ќе учествува на тркалезната маса на тема „Поставување на основите за дигитална иднина за сите“ и ќе има серија разговори посветени на Глобалниот дигитален договор што допрва треба да се усогласи и за неговите принципи и активности за поддршка на отворената, слободна и безбедна дигитална иднина за сите оние што ги поддржуваат човековите права и го надминуваат дигиталниот јаз.
Мишел, Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката Јута Урпилаинен во понеделник ќе ја претставуваат ЕУ на трилатерален состанок со Африканската Унија и Обединетите нации и ќе имаат билатерална средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш. Civilmedia
Борел во вечерните часови ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7. Шуица истиот ден ќе биде кодомаќинка на настанот на ЕУ-АУ-УНИЦЕФ насловен „Докажани решенија за деца: забрзување на напредокот на целите на одржлив развој “, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе биде домаќин на придружниот настан на ЕУ „Насочување по патот напред: Менаџирање на миграцијата на глобално ниво“, додека Урпилаинен ќе претседава со Глобалниот образовен форум, на кој треба да биде потпишана Декларација за училишен оброк и ќе присуствува на ручекот на високо ниво „Жените се креваат за сите“.
Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели. Civilmedia
Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот.
ЕУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите. Novamakedonija
За в четврток е предвидено обраќање на Мишел на генералната дебата на ГС на ОН, додека Борел ќе копретседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската Унија и на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), како и со министерскиот настан за посветен блискоисточниот мировен процес, кој заедно го организираа ЕУ, Арапксата лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан.
Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците. Civilmedia