Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
107
32.48
32.33
33.04/8.53
107.00
33.79
0.32
8151.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 107
121 ■ 0.99/0.01 ■ 11 ■ 192.8
Best clustering variants
121 0.99/0.01 11 192.8
22:58 h 24-Sep-2024
  • Израел денеска го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги спречи нападите на Хезболах на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „постојан кошмар“ што се заканува да го одведе Либан во хаос.
  • ◉ Шефот на ОН: Газа е кошмар што се заканува да го втурне целиот регион во хаос
14:45 h 23-Sep-2024
  • Повеќе од 100 луѓе загинаа, а 400 се ранети, „вклучувајќи жени, деца и медицински работници“, во денешните израелски воздушни напади на југот на Либан, соопшти Министерството за здравство на земјата.
  • Над 100 мртви, стотици ранети во Либан во најсмртоносниот ден на конфликтот меѓу Израел и Хезболах
11:15 h
  • Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска ја информира израелската јавност дека ИДФ ги интензивирала нападите врз Хезболах во Либан и дека Израелците треба да останат мирни во следните неколку дена.
  • Галант: Израелците да останат смирени во следните денови
09:50 h
  • Во средата 25 лица загинаа, а најмалку 600 беа ранети во Либан кога експлодираа радио уреди што ги користеа членовите на вооружената група Хезболах, соопшти тамошното Министерство за здравство.
  • Што е Хезболах, што има и дали може да оди во сеопфатна војна со Израел?
08:15 h
  • Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.
  • Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах
17:56 h 22-Sep-2024
  • Нова ескалација на Блискиот Исток.
  • ВИДЕО: Голема ескалација, проектилите на Хезболах стигнаа до предградие на Хаифа
14:45 h
  • Министерството за здравство на Либан денеска соопшти дека три лица загинале во одделни израелски напади на југот на земјата, каде, како што рече Израел, мета биле цели на Хезболах.
  • Министерството за здравство на Либан соопшти за убиство на три лица во израелски напади
11:15 h
  • Стотици илјади луѓе побараа денеска засолниште од ракетите на Хезболах истрелани од Либан кон северен Израел, соопшти војската, додека официјален претставник на ОН предупреди на претстојната регионална „катастрофа“ од влошувањето на насилствата.
  • Либанските напади ги носат Израелците во засолништа, ОН предупредуваат на „катастрофа“
09:23 h
  • Израелската војска изврши напади во текот на ноќта врз, како што рече, стотици цели во јужен Либан, додека Хезболах ги започна своите најдлабоки ракетни напади врз Израел од почетокот на војната во Газа, поттикнувајќи стравувања од поширок конфликт.
  • Хезболах го изврши најдлабокиот напад во Израел од почетокот на војната
08:34 h
  • Хезболах утрово од либанска територија истрела 85 ракети врз северен Израел, при што беа повредени три лица, додека израелските сили вршат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан и се закануваат со интензивирање на нападите, соопшти израелската армија (ИД). Некои од 85-те ракети на Хезболах беа пресретнати, додека некои го погодија Кирјат Биалик во близина на Хаифа и Морешет, заедници во Долна Галилеја, пишува „Тајмс оф Израел“.
  • Хезболах утрово го гаѓаше Израел, израелската армија возвраќа