Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека меѓународните правила никогаш не биле толку занемарени како денес. Telma
Ова ќе биде високо на нашата агенда на Генералното собрание на ОН, наведе Борел, кој е дел од делегацијата на ЕУ што престојува во Њујорк заради учество на овонеделното Генерално собрание на Обединетите нации.
Борел во писмената изјава додава и дека ЕУ уште еднаш повикува на „целосна и симетрична имплементација“ на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН. Резолуцијата 1701, која е донесена во август 2006 година за време на тогашната Војна меѓу Израел и Хезболах, повикува на целосен прекин на непријателствата меѓу двете завојувани страни, повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либански и на сили на УНИФИЛ на тоа подрачје, како и разоружување на сите вооружени групи, вклучувајќи го и Хезболах. Libertas