Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина.
Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО. Biznisvesti
Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години.
Церемонијата ќе започне со полагање венци Столтенберг и Руте на споменикот во кругот на седиштето на НАТО, по што ќе се одржи официјалното примопредавање на должноста и нивно обраќање до персоналот на Алијансата. Republika
Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет.
Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина. Kanal5
Промената на чело на Алијансата се случува во време кога НАТО се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја.
Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој помина 13 години на чело на НАТО. Fokus