Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на Антонио Гутереш му е забранет влезот во земјата поради, како што верува, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН. Израел Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел. A1on
„Овој напад нема да остане без последици“, предупреди портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, соопшти дека засега нема информации за оштетување на американски објекти. Kanal5
„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша Кац на Твитер.
Генералниот секретар на ОН вчера изрази загриженост за „ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток“, повикувајќи на прекин на огнот, но во својата изјава не го спомена директно Иран. Faktor