Есмаил Каани, командантот на иранските сили Кудс кој отпатува во Либан по атентатот на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах, не се огласил од минатонеделните напади на Бејрут, изјавија денеска двајца високи ирански безбедносни функционери.
Еден од официјалните лица изјави дека Каани бил во јужните предградија на Бејрут за време на нападот кој наводно бил насочен кон високиот функционер на Хезболах Хашем Сафиедин, но не се сретнал со него. Novamakedonija
Сафиедин се смета за веројатен наследник на Насралах, кој беше убиен во израелски напад на 27 септември.
Ирански официјален претставник изјави дека Иран и Хезболах не успеале да стапат во контакт со Каани, шефот на странското воено разузнавање на иранската револуционерна гарда или силите Кудс. Biznisvesti
Командантот на иранските сили Кудс, Есмаиол Каани е во добра здравствена состојба, изјави заменик-командантот на Кудс на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Ирај Масџеди. Novamakedonija