Запрашан околу можноста за запирање на испораките на оружје за Израел од страна земјите на Унијата, Стано нагласи дека тоа прашање не во надлежност ЕУ, туку за тоа решаваат самите земјите членки . Намерни напади врз мировниците претставуваат кршење на меѓународното хуманитарно право и релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во врска со израелските напади врз припадниците на Мисијата на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ). Стано потенцирајќи дека ваквите нападите врз мировниците на ОН се неприфатливи, потсетувајќи дека во мисијата на УНИФИЛ со свои војници учествуваат и 16 земји членки на ЕУ. - Ова прашање ќе биде многу висока на нашата агенда и за него дефинитивно ќе биде дискутирано од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ на нивната средба в понеделник на редовниот Совет за надворешни работи, така што ова е нешто на што посветуваме многу големо внимание и за Европската Унија се апсолутно неприфатливи овие напади врз припадниците на УНИФИЛ, додаде Стано. Kanal5