По неодамнешните медиумски натписи за случајот со неколкумина работници од НУ Филхармонија на РМ кои не добија продолжување на нивните договори, во целост го пренесуваме отвореното писмо на нашата реномирана диригентка Дијана И. Илкоска: „Јас, Дијана И. Илкоска – дипломиран музичар, теоретичар и педагог, хорски диригент и дипломиран и магистриран оркестарски диригент, позната на јавноста исто така како композитор и аранжер на повеќе дела изведувани во земјава и странство, диригент кој е етаблиран на меѓународната сцена, но и во Македонија диригирајќи и соработувајќи со светски реномирани оркестри и уметници како Џошуа Бел (добитник на Греми награда), Брус Лиу (лауреат на познатиот “Шопен натпревар“), Лола Астанова, Божо Вреќо, диригентот Џанандреа Носеда (шеф-диригент на националниот симфониски оркестар во Вашингтон, главен гостин диригент на Лондонскиот симфониски оркесар и музички директор на фестивалот “Цинандали“ во Грузија), асистент диригент на повеќе светски диригенти како Клаудио Вандели (шеф-диригент на „Wurth Philharmoniker”, основач на Пан-Кавказки младински оркестар и уметнички директор на светскиот фестивал „Вербие„ во Швајцарија), Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски, Тимоти Редмонд и многу други, наградувана со позитивни критики и препораки од страна на Жига Пирнат од Лос Анџелес (продуцент на „Оскарите“, Барбара Стрејсенд, „Музички идол“, Андреа Бочели, Ријана и други), Урош Лајовиц (професор и диригент кој предава на академијата во Виена) и многу други, основач на „ID chamber orchestra“ со кој концертирам повеќе од 10 години на домашната музичка сцена изведувајќи класична, современа и популарна музика - ОСТАНАВ НА УЛИЦА!
Тромбонистот Никола Ристевски, еден од групата незадоволни вработени во оркестарот на Македонската филхармонија, кому не му е продолжен договорот за работа, денеска до „360 степени“ испрати писмена реакција во која ги демантира ставовите на институцијата оти договорот не му бил продолжен бидејќи за тоа не постои ниту закоснка обврска ниту, пак, објективна причина.