Заливските сојузници на Америка, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар, исто така, изразија загриженост до САД за можен напад врз нафтените постројки на Иран, што може да има негативни економски и еколошки последици за целиот регион, изјави арапски дипломат за Си-Ен-Ен. Администрацијата на Бајден е длабоко загрижена дека тековните напади меѓу Иран и Израел, кои започнаа претходно оваа година откако Израел нападна зграда за која Иран тврди дека е негово конзуларно седиште во Дамаск, може да ескалира во голема регионална војна во која би можеле да бидат вовлечени САД . Голем дел од стравот се однесува на фактот дека американското влијание врз Израел се чини дека слабее во последниве години. Kanal5