Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Civilmedia
Ако другите кандидати го поддржат Стојаного пред вториот круг, Санду би можела да се изложи на реален ризик да не биде реизбрана.
Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. Libertas
Граѓаните на Молдавија денеска избираат претседател и гласаат на референдум за внесување во Уставот дека цел на земјата е членство во ЕУ. Прозападната претседателка Маја Санду (52) се надева дека ќе обезбеди втор мандат и поддршка на референдумот за да се потврди пристапувањето кон ЕУ како стратешка цел во уставот. Biznisvesti
Молдавија, поранешна советска република со население од околу 2,5 милиони, аплицираше за влез во ЕУ по целосната руска инвазија на соседна Украина и доби статус на кандидат во летото истата година, заедно со Украина.
Во јуни, Брисел се согласи да ги отвори преговорите за членство. Mk
Доколку ниту еден од 11-те кандидати не освои повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори на 20 октомври, вториот круг ќе се одржи на 3 ноември.
Молдавците ќе гласаат „за“ или „не“ на референдумот за вклучување на членството во ЕУ како стратешка цел во Уставот на земјата. Denesen