Референдумот во Молдавија за тоа дали да го промени уставот и да се заложи за влез во ЕУ што се одржа во текот на вчерашниот ден „виси на конец“, при што процентот на гласовите „за“ и „не“ речиси е еднаков. Plusinfo
Бидејќи ниту еден кандидат не добил повеќе од 50 отсто од гласовите, Санду и Стојаногло ќе се соочат во вториот круг на 3 ноември.
Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека гласањето мора да се продолжи во Москва и на две избирачки места во Романија и едно во Франција поради големиот број гласачи. 360stepeni
Молдавија, поранешна советска република со население од околу 2,5 милиони, аплицираше за влез во ЕУ по целосната руска инвазија на соседна Украина и доби статус на кандидат во летото истата година, заедно со Украина.
Во јуни, Брисел се согласи да ги отвори преговорите за членство. Mk
Половина од Молдавците гласаа „за“ на референдумот вчера за аспирациите за членство на земјата во ЕУ, покажаа привремените резултати, што ја стави малата земја на пат да се приклучи на единствениот пазар и покрај притисокот од Русија. Libertas
Нејзиниот противкандидат, прорускиот социјалист Стојаногло рече дека, ако дојде на власт, ќе развие „урамнотежена“ надворешна политика која вклучува врски со ЕУ, Русија, Соединетите Држави и Кина.
Тој го бојкотираше референдумот во неделата, нарекувајќи го измама за да се засили напорот на Санду на изборите. Civilmedia