Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира. Novamakedonija
Таквиот обид за дистанцирање од Бајден доаѓа во момент, кога анкетите укажуават дека претседателот во заминување ја кочи нејзината кандидатура.
Вети дека ќе се заминава со високите цени на секодневните намирници за граѓаните, рече дека е време за запирање на војната на Блискиот исток, а нејзиниот ривал Трамп го нарече „фашист и опасност за благосостојбата и безбедноста на Америка“. Telma
На директно прашање дали мисли дека Доналд Трамп е фашист, таа одговори: „Да, мислам“.
Харис и самата тој збор првпат го употреби во јавност, изразувајќи го своето уверување дека на гласачите им дошло до тоа да „немаат претседател на САД кој им се восхитува на диктаторите и кој е фашист“. Novamakedonija