Откако Јужна Кореја и Украина предупредија дека контингент од севернокорејски војници е испратен во Русија да се бори од страната на Москква во боиштата на источна Украина, ова го потврди и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
Северна Кореја синоќа ги негираше информациите дека и обезбедува војници на Русија кои би можеле да се употребат во конфликтот во Украина.
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, ги нападна Украина и Јужна Кореја по извештаите дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија, нарекувајќи ги двете земји „лоши кучиња одгледани од САД“ и заканувајќи се со нуклеарно оружје.
Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, денеска го ратификуваше договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја.