Таму се поставени невидени мерки на заштита, непробојни стакла, кафези за чување на гласачкиот материјал, планови за итна евакуација во случај на безредија, па и заштита од дипфејк видеа На неколку дена пред претседателските избори во САД функционерите во сојузните држави каде што исходот од гласањето е многу неизвесен, односно во таканаречените колебливи (свинг) држави, се подготвуваат за своевидно „бојно поле“ со дезинформации, теории на заговор, закани и можно насилство.