За време на изборната кампања, американските гласачи беа бомбардирани со слики на двајцата кандидати - додека тие зборуваат од бината, ја поздравуваат толпата на митинзи и се спуштаат по скалите додека излегуваат од авионот.
Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.
Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.
Два дена пред претседателските избори во САД, демократската кандидатка Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп сè уште водат многу тесна трка во седум сојузни држави, кои се одлучувачки за исходот од изборот на 47-ми американски претседател, Њујорк тајмс и колеџот Сиена, покажа анкетата денеска.