Истрагата се фокусира на наводите дека кабинетот на премиерот го промовирал пред странските медиуми тврдењето дека Хамас планирал шверц на заложници од Газа преку египетската граница и создавање поделби во израелското општество за да изврши притисок врз Нетанјаху за ослободување заложници и договор за прекин на огнот.
Портпаролот на Нетанјаху негираше дека има протекување информации од Кабинетот на премиерот и дека „наведената личност никогаш не учествувала во дискусии поврзани со безбедноста“, очигледно мислејќи на Фелдштајн. Plusinfo