Победникот на денешните претседателски избори во САД би можел да биде одлучен според гласовите на жените ширум земјата, покажува анкетата спроведена од Си-Би-Ес Њуз.
Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак – и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.
Демократскиот претседателски кандидат на САД, Камала Харис, го надмина републиканецот Доналд Трамп во Ајова, при што жените гласачи веројатно се одговорни за промената во државата која Трамп лесно ја доби во 2016 и 2020 година, според новата анкета на Des Moines Register/Mediacom во Ајова објавена вчера.
Доналд Трамп и Камала Харис, политички лидери на две целосно спротивставени концепции за идниот развој и лидерство на Америка, завршија со главните митинзи на едни од најразбрануваните и најдраматични претседателски кампањи во историјата на САД.