Допрва ќе се појавуваат дисонантни тонови во реализацијата на прокламираните цели на Трамп и истакнатите „визии“ на високиот бизнис, со најавите за потребата од намалување на стегите за бизнисот, паритетната конкуренција во однос на претседателот, кратењето на работните места во администрацијата која му е потребна на секој претседател, затворањето на американскиот пазар за развиените односи и профити на големиот бизнис, со и од извори на ресурси, не само човечки од емигрантските и земјите со природи богатства… Како една упорна и суетна личност како Доналд Трамп ќе може да ги оствари и одржи релациите со овие бескрупулозни и планетарно успешни бизнис тајкуни и широкиот спектар на од нив зависни продуктивни средини, денес е тешко да се предвиди, а уште потешко ќе биде по 20 јануари кога потписот на Трамп на извршните одредби ќе биде точка на овие релации. Libertas