Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.
Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, објави Вијести.ме. Во полициското соопштение пишува дека во пукање во угостителски објект Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.
Полициската управа на Црна Гора вечерва објави фотографија од Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за повеќекратните убиства во Цетиње, што ги изврши попладнево.