Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП). Во канцеларијата во Берлин се собраа шефовите на таканаречената „семафор коалиција“, во која покрај владејачката СПД се и Зелените. Fokus
Канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер од Либералната партија (ФДП). Во канцеларијата во Берлин се собраа шефовите на таканаречената „семафор коалиција“, во која покрај владејачката СПД се и Зелените.
Линднер му предложил на Шолц нови избори за почетокот на 2025. Kanal5
Во изјавата за медиумите, Шолц изјави дека на 15 јануари 2025 година ќе се гласа за доверба на неговата влада – потег што би можел да ги одложи парламентарните избори во Германија, закажани за есента 2025 година, во март.
Инаку, разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер, е и лидер на Либералите (ФДП) – најмалиот коалициски партнер во трипартиската владејачка коалиција во Германија. 360stepeni
„Потребна ни е влада која е способна да дејствува и која има сила да ги донесе неопходните одлуки за нашата земја“, тврди социјалдемократскиот канцелар.
Дополнително, Шолц оцени дека повеќе нема „доволна доверба за продолжување на соработката“ и одлучи да го разреши министерот за финансии. Kajgana