Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по прогласувањето на победата на изборите не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но кажа оти „мисли дека ќе зборуваат“.
Специјалниот советник на американското Министерство за правда Џек Смит разгледува начини како да стави крај на два федерални кривични случаи против новоизбраниот претседател Доналд Трамп пред тој да ја преземе функцијата, изјави претставник на Министерството запознаен со ова прашање.
Доналд Трамп ќе го започне процесот на избор на кабинет и избор на други високи функционери во администрацијата во наредните недели по неговата победа на претседателските избори.
За време на претседателската кампања, Трамп избегнуваше директно да потврди какви било назначувања во неговата администрација, но честопати навестуваше кој би можел да биде дел од неговиот близок круг.