Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Погодено е подрачјето во близина на брегот на регионот Ајсен, а земјотресот е регистриран во 08:38 часот по локално време, на длабочина од 35 километри и 608 километри јужно од Пуерто Монт. A1on