Чешкиот претседател Петр Павел на отворањето на самитот за одбрана во Прага рече дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би можел да преговара со Владимир Путин за конечно ставање на крај на руската агресија врз Украина, но оти таков договор најверојатно нема да биде во најдобар интерес на Украина и на Европската унија.
Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, синоќа, на отворањето на Прашкиот одбранбен самит, изјави дека надежите дека идниот американски претседател Доналд Трамп ќе може брзо да го реши конфликтот во Украина, како што вети, се нереални и предупреди дека веројатниот договор со рускиот претседател Путин ќе биде на штета на Украина и Европа.