Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
92
16.08
23.31
32.61/4.46
92.00
21.90
0.24
6660.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 92
198 ■ 0.99/0.01 ■ 10 ■ 269.0
Best clustering variants
198 0.99/0.01 10 269.0
19:50 h 09-Nov-2024
  • Претседателот на САД, Џозеф Бајден, и новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, ќе се сретнат в среда во Белата куќа, соопшти денеска канцеларијата на американскиот претседател во заминување.
  • ◉ БАЈДЕН И ТРАМП ЌЕ СИ ПОДАДАТ РАКА ВО БЕЛАТА КУЌА Средбата ќе се оствари в среда
07:36 h 07-Nov-2024
  • Доналд Трамп беше прогласен за политички мртов во 2021 година кога толпата демонстранти упадна во Капитол Хил на 6 јануари, денот кога во Сенатот беше потврдена победата на Џо Бајден, а неговиот потпретседател Мајк Пенс одби да ги оспори изборните резултати.
  • Од политичка кома до најголемиот камбек - Клучни фактори за победата на Трамп
07:24 h
  • Победата на Доналд Трамп на претседателските избори најверојатно ќе резултира со големи промени во трговската политика на САД, односот кон војната во Украина, климатските промени, електричните возила, даноците и илегалната имиграција.
  • ЦАРИНИ, МАСОВНИ ДЕПОРТАЦИИ, ДАНОЧНИ ОЛЕСНУВАЊА: Што друго носи Доналд Трамп 2.0?
07:12 h
  • Доналд Трамп победи на изборите во Америка, според проекциите на водечките светски медиуми.
  • КОЈ ОТВАРА ШАМПАЊ, А КОЈ ПЛАЧЕ ЗАРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Прослави во Москва и Будимпешта, Киев на колена: „Ова е најлошиот кошмар!“
00:05 h
  • Поранешниот претседател Доналд Трамп треба да се врати во Белата куќа.
  • Што рече дека ќе направи Трамп првиот ден на функцијата?
Libertas

Требаше да бидат земени во предвид всадените импулси на американскиот гласач за доследна упорна борба, за неговата индивидуална борба за постигнување на поставената цел (упорност иманентна за Трамп), да бидат земени во предвид опседнатоста на просечниот Американец со потребата за остварување на материјални вредности за да се опстои, за да се чувствува сигурен, сега и веднаш (како што налага животната филозофија на со месеци веќе вградениот Илон Маск во тимот на Трамп). Покрај сите пост анализи, кога и генералите се најпаметни по војните, не може да се отстрани впечатокот дека токму тие карактеристики на духот на американскиот гласач многу добро и навремено во своите јавни настапи ги валоризираше повторувачот во Белата куќа.

Трамп, независно од бруталниот речник кој го употребуваше, фасцинираше со својата упорност и доследноста за влевање на страв кај гласачите од недоаѓање на непознати политики на планот на нивната лична и колективна безбедност, особено околу емиграцијата, политики кои ќе ја загрозат семејната благосостојба и работниот ангажман на просечниот американски граѓанин. Libertas

Novamakedonija

Дел од аналитичарите сметаат дека победата на Трамп на претседателските избори во САД може да биде добра вест за Македонија, не само поради фактот што домашните политичари од власта имаат тесни конекции со луѓето од блиското опкружување на Трамп и што тие луѓе може да се искористат за лобирање во полза на македонските позиции во однос на Бугарија туку и поради тоа што тој „без дипломатски ракавици“ и директно би му за’ржал на Брисел доколку ЕУ и ЕК продолжат со кршење на демократските принципи и востановените критериуми за проширување Победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД предизвика сериозен политички земјотрес на глобалната политичка сцена, а уште веднаш по обзнанувањето на изборните резултати почнаа да се прават планови какви релации ќе воспоставува секоја земја со новата американска администрација. Novamakedonija

Libertas

Допрва ќе се појавуваат дисонантни тонови во реализацијата на прокламираните цели на Трамп и истакнатите „визии“ на високиот бизнис, со најавите за потребата од намалување на стегите за бизнисот, паритетната конкуренција во однос на претседателот, кратењето на работните места во администрацијата која му е потребна на секој претседател, затворањето на американскиот пазар за развиените односи и профити на големиот бизнис, со и од извори на ресурси, не само човечки од емигрантските и земјите со природи богатства… Како една упорна и суетна личност како Доналд Трамп ќе може да ги оствари и одржи релациите со овие бескрупулозни и планетарно успешни бизнис тајкуни и широкиот спектар на од нив зависни продуктивни средини, денес е тешко да се предвиди, а уште потешко ќе биде по 20 јануари кога потписот на Трамп на извршните одредби ќе биде точка на овие релации.

Дали еден Маск ќе се задоволи само со ново добиените 15 милијарди долари со скокот на неговите акции на денот на победата на Трамп, кога веќе ита кон освојување на вселената, надминувајќи ја и НАСА во таа трка? Libertas

Libertas

На крајот на краиштата вредностите за кои легитимно се бореше Харис иако беа благопријатни за слободарските и интелектуалните средини не само во САД, создаваа благ удар во психата на просечниот американски гласач, кој на судниот ден на американската демократија ги стави на вага со неговата животна филозофија: нема што некој да се меша во моите семејни работи и да ми одредува кои репродуктивни цели ќе има во моето семејство, која ќе биде хиерархијата на донесување на одлуки за мојот и за животот на моето семејство, децата, за староста и за смртта.

Требаше да бидат земени во предвид всадените импулси на американскиот гласач за доследна упорна борба, за неговата индивидуална борба за постигнување на поставената цел (упорност иманентна за Трамп), да бидат земени во предвид опседнатоста на просечниот Американец со потребата за остварување на материјални вредности за да се опстои, за да се чувствува сигурен, сега и веднаш (како што налага животната филозофија на со месеци веќе вградениот Илон Маск во тимот на Трамп). Покрај сите пост анализи, кога и генералите се најпаметни по војните, не може да се отстрани впечатокот дека токму тие карактеристики на духот на американскиот гласач многу добро и навремено во своите јавни настапи ги валоризираше повторувачот во Белата куќа. Libertas

Netpress

Американската стратегија за национална безбедност почнува со зборовите „…Корените на нашата стратегија се во нашите национални интереси: да ја заштитиме безбедноста на американскиот народ, да го прошириме економскиот просперитет и моќности и да ги прифатиме и одбраниме демократските вредности во срцето на американскиот начин на живот…“. При ова, во националната стратегија реализацијата на овие интереси не се ставени во розев контекст.

Според нејзините изготвувачи ризикот од конфликт помеѓу големите сили се зголемува; демократиите и автократиите се ангажирани во натпревар за да покажат кој систем на владеење може најдобро да испорача на сопствените народи и светот; конкуренцијата за развој и користење на основните технологии што ќе ги трансформираат безбедноста и економијата се интензивира; глобалната соработка врз споделени интереси е доведена до ивица, без оглед на потребата таа сорботка да има егзистенцијален импакт. Netpress