Палестинската цивилна одбрана во Газа денеска соопшти дека 30 лица, меѓу кои 13 деца, биле убиени во два израелски воздушни напади врз две куќи во Појасот Газа.
Во првиот напад на семејна куќа во Џабалија, на северот на Газа, загинаа најмалку 25 лица, од кои 13 деца.
Сепак, експертите на ОН предупредуваат дека постои голема веројатност наскоро да дојде до глад во северните делови на Појасот Газа.
Обединетите нации проценуваат дека десетици илјади луѓе се уште се во областа, а претходно оваа недела палестинското Министерство за здравство соопшти дека во моментов нема амбулантни возила или медицински тимови кои работат таму. Kanal5
Палестинската цивилна одбрана во Газа денеска соопшти дека 30 лица, меѓу кои 13 деца, биле убиени во два израелски воздушни напади врз две куќи во Појасот Газа. Libertas
Три жени, две деца и двајца локални новинари се дел од 13-те лица кои загинаа во денешните два одвоени напади на израелската армија врз цели во Појасот Газа.
Во првиот напад врз училиште кое било претворено во засолниште во населбата Туфах во источниот дел на Појасот Газа загинале најмалку шест лица, додека пак во друг напад на ИДФ врз шатор со бегалци во градот Кан Јунис, во јужниот дел од окупираната палестинска енклава загинаа уште седум лица. 360stepeni
Израелската војска не одговори на барањето за коментар во врска со нападите, но израелските власти објавија дека во северниот дел на палестинската енклава вчера пристигнала првата пратка хуманитарна помош, по еднонеделна суспензија на испораките.
COGAT, израелското воено тело одговорно за хуманитарна помош за Појасот Газа, вчера објави дека единаесет камиони со хуманитарни материјали, храна, вода и медицинска опрема стигнале до северниот дел на палестинската енклава, вклучувајќи го и бегалскиот камп Џабалија. 360stepeni
Скоро 70 отсто од жртвите на војната во Газа се жени и деца.
Канцеларијата на ОН за човекови права во петокот објави дека речиси 70 отсто од жртвите потврдени дека биле убиени во војната во Газа се жени и деца и го осуди, како што го нарече, систематското кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право.
Над 130 илјади Шпанци протестираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните катастрофални поплави, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а околу 100 луѓе се водат како исчезнати.
Шпанците излегоа на улиците на Валенсија за да побараат оставка од регионалниот претседател кој ја предводеше итната реакција на неодамнешните катастрофални поплави во кои загинаа повеќе од 200 луѓе.
Ниту поранешната амбасадорка на САД во ООН, Ники Хејли, ниту пак поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да бидат дел од новата администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека на поранешната републиканска претседателска кандидатка и поранешна амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и на поранешниот државен секретар Мајк Помпео нема да им биде понудена позиција во неговата администрација.
Рано утринава Украина лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва, што е досега најголемиот украински напад со беспилотни летала врз руската престолнина.
Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала кон Москва, што е досега ваков најголем украински напад врз руската престолнина.
Со победата во Аризона, Трамп освои 11 електорски гласови и има вкупно 312, додека неговата ривалка Камала Харис освои 226 електорски гласови.
Колапсот на Камала Харис во вторникот вечерта беше шокантен за многумина во политичкиот печат, кои очекуваа тесни избори.