Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС). Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба. Plusinfo