Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори. Telma
Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела. A1on
Повикот, кој претходно не беше најавен, доаѓа во време на општа неизвесност за тоа како Трамп ќе ја ресетира светската дипломатска шаховска табла на сојузниците и противниците на САД по неговата одлучувачка победа во вторникот, пишува весникот.
Портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина, Хеорхи Тихи ги отфрли информациите дека Кијив бил однапред информиран за телефонскиот разговор меѓу новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, ги пренесува Укринформ наводите на Ројтерс. Civilmedia