Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година, по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.
Владејачката партија и најголемата опозициска партија во Германија постигнаа договор за одржување предвремени парламентарни избори на 23 февруари следната година, објавија локалните медиуми.