Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.
НОВО ОБВИНЕНИЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“ И сопственикот на агенцијата за обезбедување станува осомничен Според Обвинителството, сопственикот активно раководел со целиот деловен потфат и со начинот на спроведување на обезбедувањето, заедно со претходно осомничениот управител и овластеното лице од подружницата во Кочани.