Победа на Русија во војната против Украина би била неуспех за САД, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, во време на загриженост меѓу западните земји дека САД може да ја запре помошта за Киев во текот на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Јасно е дека колапсот на Украина и победата на (рускиот претседател Владимир) Путин во војната нема да бидат победа за американското раководство, рече високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика во интервју за агенцијата во Франс прес во Киев. Libertas
Посетата на Борел на Украина, веројатно неговата последна затоа што тој ќе се повлече од позицијата во декември, има за цел да го увери Киев дека европската помош ќе продолжи.
Кремљ денеска ги демантираше написите на „Вашингтон пост“ за наводен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин на тема војната во Украина. Republika
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина. Mk
Неговото доаѓање се случува и во време на тешка ситуација за Украинците на бојното поле, исцрпени во речиси три години војна.
Враќањето на Трамп во Белата куќа предизвикува загриженост во Украина и Европа за можното запирање на американската воена и финансиска помош за Украина која е клучна за Киев. Denesen
Борел е првиот висок функционер на ЕУ кој го посети Киев по победата на републиканецот на претседателските избори во САД минатата недела.
Неговото доаѓање се случува и во време на тешка ситуација за Украинците на бојното поле, исцрпени во речиси три години војна. Kanal5