Тој „ќе го отвори патот за мојата администрација да ја разбие владината бирократија, да ги намали непотребните регулативи, да го намали расипничкото трошење и да ги преструктуира федералните агенции“, рече Трамп.
Трамп рече дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и „ќе обезбеди совети и насоки надвор од владата“, сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот и да му се дозволи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Тесла. платформата за социјални медиуми X и ракетната компанија SpaceX. Faktor
И покрај тоа што се нарекува министерство, не станува збор за владина агенција, пишува британски „Гардијан“.
Имено, Трамп изјави дека Маск и Рамасвами ќе бидат надворешни соработници, кои ќе и даваат совети и насоки на Белата куќа и ќе соработуваат со Канцеларијата за управување и буџет за да поттикнат, како што вели новозибраниот претседател на САД, структурни реформи од големи размери кои треба да создадат претприемачки пристап на владата кој никогаш претходно не бил виден. 360stepeni