Жан-Пјер изјави дека средбата била „навистина многу срдечна, многу великодушна и суштинска.“ Портпаролката одби да каже кои прашања ги покренал Трамп за време на речиси двочасовната средба, но им изјави на новинарите за време на брифингот во Белата куќа дека Бајден „се радуваше на средбата, го ценеше разговорот и одговори на сите прашања што избраниот претседател ги имаше, и понуди свои размислувања.“ Мислам дека времетраењето на средбата ви кажува дека тие имаа длабинска дискусија за повеќе теми, изјави таа.