Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.
Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.
Идната прва дама на САД, Меланија Трамп, нема да му се придружи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на средбата во Белата куќа подоцна во средата по локално време, што претставува прв чекор во мирна транзиција на власта, пренесоа американските медиуми.
Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.