Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер синоќа оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат на 23 февруари следната година“.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнмаер го поздравува фактот што парламентарните групи договориле „патоказ“ за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година за реален датум за нови избори.
Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.
По неколкудневен застој, датумот е договорен со главната опозициска партија, конзервативците ЦДУ/ЦСУ, додаваат истите извори, пренесува Бета. Plusinfo
Се додава дека претседателот јасно ставил до знаење дека во случај Бундестагот да му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц, тој брзо ќе донесе одлука за распуштање на парламентот. Nezavisen
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вечерва оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии да се одржат предвремени парламентарни избори во таа земја на 23 февруари следната година“.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнамер „го поздравува фактот што пратеничките групи го договорија патоказот за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета 23 февруари следната година како реален датум за нови избори . Се додава дека претседателот јасно ставил до знаење дека во случај Бундестагот да му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц, тој брзо ќе донесе одлука за распуштање на парламентот, пренесува Дојче веле. Kanal5
ЦДУ, како што пренесува Анадолија, инсистирала предвремените избори да се одржат најдоцна во февруари.
По овој компромис, конечната одлука за датумот на изборите ќе ја донесе германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој има клучна улога во процесот на распуштање на парламентот и распишување избори. Mk
Овој датум, 23 февруари, му е предложен на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба и официјално да го потврди.
Претходната среда, канцеларот Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер (Либерално-демократската партија, ФДП), што доведе до колапс на неговата коалициска влада составена од СПД, Зелените и ФДП. Republika
Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година, по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во неделата дека ќе прифати гласање за доверба на неговата влада пред католички Божик, потег што ќе го отвори патот за распишување предвремени парламентарни избори по распадот на владејачката коалиција.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е можно пред Божиќ да се распише гласање за доверба на Владата во Бундестагот.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа телефонски разговарале за да размениле мислења за билатералните односи и геополитичките предизвици, изјави портпаролот на германската влада.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп телефонски разговарале во неделата ноќта разменувајќи мислења за билатералните односи и геополитичките предизвици, изјави портпаролот на германската влада.
Победа на Русија во војната против Украина би била неуспех за САД, изјави шефот за надворешна политика на Европската Унија Жозеп Борел, во време на загриженост меѓу западните земји дека САД може да ја запре помошта за Киев во текот на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека утрото го поминал во засолниште во Киев, откако беше прогласена воздушна тревога во главниот град на Украина.
Турција доби понуда да стане земја партнер на БРИКС, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат.