Најбогатиот човек на светот, техномилијардерот Илон Маск, има план да отпушти 1,5 милиони државни службеници во САД со што за две години ќе се заштедат до 7 трилиони долари во буџетот на САД.
Доналд Трамп не му ја укажа таа чест во 2020 кога беше поразен на изборите, но Бајден ја врати традицијата претседателот во заминување да го покани ново избраниот претседател за да разговараат за непречената транзиција на власта.
Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.
Технолошкиот магнат Илон Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе раководат со најавеното ново Министерство за ефиканост на владата на Соединетите Американски Држави (САД), изјави вчера новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, пренесуваат светските медиуми.