Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Во писмото испратено до министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласи дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“. Sitel
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи го како причина „можното кршење на човековите права“ за време на конфликтот во Појасот Газа. 360stepeni
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел в понеделник на заседанието на Советот за надворешни работи (ГАК) ќе побара од шефовите на дипломатиите на земјите членки да го искажат своето мислење за неговиот предлог за прекин на политичкиот дијалог меѓу Унијата и Израел во рамки на Договорот за асоцијација, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано. Biznisvesti
Повеќе земји се спротивставиле кога висок функционер на ЕУ ги информирал амбасадорите во Брисел за предлогот во средата, изјавиле тројца дипломати кои сакале да останат анонимни.
Предлогот на Борел има цел да испрати силен сигнал за загриженост за однесувањето на Израел во војната, рекол еден од дипломатите. Netpress
Израелската војска соопшти дека нејзината акција била „во согласност со принципите на дистинкција и пропорционалност, и ѝ претходи внимателна проценка на потенцијалот за цивилна штета“.
ЕУ се обидува да најде цврста обединета позиција за војната во Газа, која беше поттикната од нападите на палестинските милитанти на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година. 360stepeni