Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи ги како причина кршењето на човековите права за време на конфликтот во Појасот Газа, изјавија четворица неименувани европски дипломати кои го виделе писмото испратено од Борел во средата упатено до министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Во писмото испратено до министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел изразува „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“ во окупираната палестинска енклава и нагласи дека „досега овие грижи не биле земени предвид од Израел“. Libertas
Како и што веќе најави минатиот месец, тој ќе побара од министрите на земјите членки да ја разгледаат можноста за понатамошни дејствија, одлуки или мерки од страна на ЕУ врз основа на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата и усвоените резолуции на Генералното собрание на ОН и да разгледаат дали Израел ги прекршил човековите права и дали го почитува меѓународното хуманитарно право согласно членот 2 од Договорот за асоцијација (на ЕУ) со Израел, изјави Стано.
Тој појасни дека предлогот на Борел „ќе биде ставен на маса“ пред министрите и тие на крајот ќе одлучуваат по него, потсетувајќи дека Договорот за асоцијација е институционална политичка рамка што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел. Kanal5
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел наведувајќи го како причина „можното кршење на човековите права“ за време на конфликтот во Појасот Газа. Alsat
За какви и да било одлуки во однос на политичкиот дел од овој Договор потребен е консензус на сите земји членки, така што високиот претставник во оваа фаза достави предлог до министрите за дискусија за можноста за суспендирање на политичкиот дијалог.
Останува на министрите во текот на дискусијата да видат дали се согласуваат со тоа или не, додаде Стано. Biznisvesti
Во писмото испратено вчера до министрите за надворешни работи на ЕУ, пред нивниот состанок во понеделник, Борел изрази „сериозна загриженост за можни прекршувања на меѓународното хуманитарно право во Газа“ и рече дека „Израел досега не одговорил доволно на овие грижи“.
За суспензијата ќе биде потребно одобрение од сите 27 земји на ЕУ, што се смета за неверојатно меѓу дипломатите. Kanal5