Американскиот претседател во заминување Џо Бајден предупреди на ера на значајни политички промени на неговиот последен состанок со клучните сојузници на Азиско-пацифичкиот самит што се одржува во сенка на враќањето на Доналд Трамп на власт. Libertas
Доаѓаме до момент на значајни политички промени, рече Бајден за време на состанокот со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, додавајќи оти, сепак, нивниот трипартитен сојуз е изграден да трае.
На маргините на самитот на АПЕК во Лима, Бајден првпат се сретна јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, кој ја презеде функцијата во октомври. Biznisvesti