Замислете, видовитите, самопрогласени „најверодостојни“ медиуми, во своите мрачни прогнози веќе со сигурност тврдат оти враќањето на богатиот бизнисмен во Белата куќа ќе предизвика големи проблеми (?!), пред сѐ во глобалната економија (преку можни трговски војни), како и на геополитички план (со нагла промена во надворешната политика на САД)?! Со месеци пред американските претседателски избори можеа да се прочитаат написи за тоа што треба Европа и САД, односно светот да сторат за да се подготват за ублажување на негативните последици од новиот мандат на Трамп, доколку тој повторно стане американски претседател. Novamakedonija