Поддржувачи на руската опозиција во егзил, предводени од Јулија Навална, сопругата на Алексеј Навални, кој во февруари почина под необјаснети околности во затвор, се собраа денеска на марш во Берлин против војната во Украина и против рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Бета.
Руската опозиција, во егзил поради репресија и ослабена од внатрешните конфликти, денеска во Берлин ги организира своите први големи демонстрации во странство против инвазијата на Украина и рускиот претседател Владимир Путин, што ќе биде еден вид тест за нејзиниот политички кредибилитет.