Германскиот канцелар Олаф Шолц, критикуван за неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, денеска ја потврди поддршката на Германија за Украина и даде уверување дека нема да се донесе одлука за исходот од војната во Украина без Киев. Netpress
Тој уште еднаш нагласи дека му дал на Путин до знаење дека Германија нема да дозволи мир што ќе дојде на сметка на Украина.
„Без согласност на Украина, нема да се носат одлуки за оваа војна“, рече Шолц. Mk